Боксерската мегаѕвезда Флојд Мејведер (САД) за околу 120 секунди трипати го испрати на под младиот Јапонецот Теншин Насукава и инкасираше 9 милиони долари, без никаков проблем стигна до победа и до „лесните“ пари. Борбата која експресно заврши во корист на искусниот борец фрли сомнежи дека се беше регуларно.
Поранешниот боксер Брендан Шауб е убеден дека мечот бил наместен.
„Флојд е најголем бизнисмен во светот на боречките спортови, но од ова што го видов, подобра глума има само во – порно филмовите. На Теншин му требаат часови по глума, како да прими удар, како да падне. Дури ни кадарот како плаче не беше добар. Сето ова беше лажно, но на кого му е гајле. Мејведер си зема 9 милиони долари“ – рече Шауб.
https://youtube.com/watch?v=zhz07tQ5pgY