Легендата на Барселона и на шпанската репрезентација, Андрес Иниеста, доби непосакувано внимание во неделата навечер, откако сподели фотографија со неговите пријатели, од кои двајца си ги имаа обоено лицата во црно.
Иниеста, кој сега игра за Висел Кобе, го славеше шпанскиот празник „Фелиз диас де рејес“, или празникот на трите свети крала, Балтазар, Мелкиор и Гашпар, кои според библиската легенда се поклониле на Исус во моментот на неговото раѓање во Назарет. Овој празник е посебно важен во Шпанија и во латиноамериканските земји. Еден од кралевите, Балтазар, честопати е претставуван како црнец.
34-годишниот Иниеста доби голем број на грди пораки на Инстаграм, кои бараа тој да ја тргне фотографијата.
Пред две години, ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман предизвика слична бура на реакции откако го обои лицето во црно за маскенбал како член на Харлем глобтротерс, по што се извини за инцидентот.