Top Sport

И Мекгрегор сака меч со Јапонецот Насукава!

Јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава можеби си мислеше дека нема да има добра шанса за голем меч по засрамувачкиот пораз од Флојд Мејведер Јуниор, но сега доби јавна понуда од ММА ѕвездата Конор Мекгрегор.

20-годишниот Теншин загуби во првата рунда во чудниот егзибициски меч на 31 јануари, но сега доби понуда од Мекгрегор кој побара пресметка „пред летото“.

„Сакам да одам во Токио за меч со Теншин Насукава во ММА егзибиција. Пред ова лето. Ве молам, средете го ова веднаш. Вашиот, шампион“, напиша Мекгрегор на Твитер, барајќи од УФЦ федерацијата и од „Парадигм спорт“ да ги средат деталите.

Мејведер Јуниор заработи 9 милиони долари за егзибицијата која траеше помалку од 2 минути.

Туризам во Јапонија! Мејведер за две минути го нокаутираше Насукава (видео)

Scroll to Top