Апсењето на поранешниот капитен на англиската репрезентација Вејн Руни на аеродромот во Вашингтон во декември се случило поради неговата дезориентираност и користењето на апчиња за спиење при летот од Саудиска Арабија, вели портпаролот на фудбалерот.
Вчера се појави веста дека 33-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер сити, а сега ѕвезда на Ди Си јунајтед бил уапсен на аеродромот Далс во Вашингтон поради „алкохолизирана состојба и пцуење на официјалните лица“. Тој доби казна од 31 долар и 115 долари за трошоци, а неговиот портпарол сакаше да ја „објасни“ ситуацијата.
„Во текот на летот, Вејн земал апчиња за спиење кои ги има на рецепт и ги помешал со малку алкохол. Затоа, бил малку дезориентиран при пристигнувањето на аеродромот беше забележан од полицијата, која го уапси. Тој беше бргу пуштен и ситуацијата е завршена. Би сакале да посочиме дека Вејн ја ценеше постапката на полицијата“, изјави неговиот портпарол.
Ова не е првпат Руни да се судри со законот, откако во 2017 година доби казна од 100 часа јавна работа откако беше уапсен пијан зад воланот.