Рафаел Надал, Григор Димитров и Руберто Баутиста-Агут се последните тенисери што изборија пласман во третото коло на Австралија опен.
Надал немаше никакви проблеми против Метју Ебден од Австралија. Шпанецот на теренот мина еден час и 58 минути и забележа максимална победа 6/3, 6/2, 6/2.
„Бикот во Мајорка“, во третото коло, ќе се соочи со уште еден домашен тенисер, Алекс де Минаур. Австралиецот по голема борба и пет сета успеа да го победи Швајцарецот Хенри Лаксонен 6/4, 6/2, 6/7, 4/6, 6/3.
За разлика од Надал, Димитров и Баутиста-Агут имаа многу проблеми во втората рунда.
Бугаринот Димитров одигра тежок меч и во четири сета успеа да го победи Уругваецот Пабло Куевас 6/3, 6/7, 6/3, 7/5.
Димитров во наредната рунда ќе игра против тенисерот од Италија, Томас Фабијано, кој се наоѓа на 102. место на АТП листата. Фабијано, во второто коло, во супер тај-брејкот во петтиот сет го совлада Американецот Опелка.
Баутиста-Агут, идентично како и во првото коло испушти предност од два сета, но во петтиот стигна до победата. Шпанецот го победи Австралиецот Џон Милман 6/3, 6/1, 3/6, 6/7, 6/4. Мечто траеше речиси четири часа.
Баутиста-Агут во третата рунда ќе игра против деветтиот носител Карен Хачанов од Русија.