Top Sport

Мурињо најде нова работа

Жозе Мурињо не чекаѓе долго на вработување, откако пред два месеци доби отказ во Манчестер Јунајтед. Португалецот, нема да работи како тренер, но најде добро платена работа како стручен коментатор. Мурињо ќе работи за телевизијата „beIN Sports“.

Дебито на новoто работно место Мурињо ќе го има утре, кога ќе биде стручен коментатор на натпреварот помеѓу Катар и Обединетите Арапски Емирати, што се игра на Купот на Азија.

Португалецот сигурно со задоволство ќе ги дава своите стручни анализи за познатата катарска телевизија, бидејќи според договорот тој од еден натпревар ќе заработува 67.000 евра.

Мурињо на новото работно место ќе треба да ги избегнува натпреварите на својот поранешен тим Манчестер Јунајтед, бидејќи кога го прифатил отказот и обесштетувањето, тој се согласил во јавноста да не излегува за коментари за „црвените ѓаволи“.

Инаку, како стручни коментатори за оваа телевизија работат голем број на познати фудбалски имиња: Златан Ибрахимовиќ, Пол Сколс, Руд Гулит, Арсен Венгер, Марсел Десаи, Јајa Туре, Немања Видиќ, Весли Снајдер и Греем Сунес.

Scroll to Top