Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде и наредната сезона ќе ја обавува оваа функција, потврдил првиот човек на клубот, Џозеп Марија Бартомеу.
Зборовите на клупскиот претседател доаѓаат како реакција на изјавата на Валверде дека не е сигурен дека по завршувањето на сезоната, кога ќе му заврши договорот, ќе биде тренер на Барселона.
„Не се сомневаме во неговите квалитети, наскоро ќе му понудиме нов договор. Валверде е паметен тренер, посветен, вистински човек за нас. Ќе ја предводи Барселона и во новата сезона“, изјавил за каталонскиот весник Спорт, Бартомеу.
Медиумите во Шпанија најчесто шпекулираат за иднината на Валверде, иако тој лани ја освои дуплата круна, а во тековната сезона Барселона води на табелата.