Кеплер Лаверан де Лима Фереира, во светот на фудбалот познат како Пепе, на препознатлив начин го обележа своето враќање во Порто.
Пепе на „Драгао“ се врати по 11 и пол години, а во меѓувреме десет години играше во Реал и 18 месеци во Бешкатш. Од Турција замина како голем господин, откако им подели плата на некои вработени во клубот кој се соочува со тешка финансиска ситуација.
Бразилецот со португалски пасош и европски првак со Португалија, со Порто потпиша две годишен договор.
Дебитираше во Купот на Португалија против Лиешоес. Порто дури по продолженијата успе да победи 2.1.
Дебито 36-годишниот фудбалер го обележа со крвнички старт врз противничкиот напаѓач Педро Енрике.
Стартот на Пепе предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи.
Pepe. Never change. pic.twitter.com/iWkMJOidwj
— Football Whispers (@FB_WHISPERS) January 16, 2019