Норвешкиот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер од преземањето на тимот триумфираше на сите 6 меча со импресивна гол разлика 17:3.
Јунајтед повторно игра фудбал кој потсетува на времето на Алекс Фергусон. Норвежанецот најверојатно нема да го предводи клубот во наредната сезона затоа што челниците на „Црвените ѓаволи“ сакаат долготрајно решение.
Солскјаер им ја врати слободата на играчите, посебно на Погба, за Дејли Мирор откри екс-соиграчот на Норвежанецот, Теди Шерингам кого Солскјаер го прашал за совет кога застанал на кормилото на клубот.
„Му реков да се смее колку што може затоа што Јунајтед ќе почне да ти недостасува веднаш штом веќе не си дел од него“ рекол Шерингам во друштво на тренерот.
На ова кормиларот на Јунајтед додал:
„Ова е вистинскиот Јунајтед, екипа која игра напаѓачки фидбал и секогаш оди напред, а не умира во бескрајни и непотребни додавања наназад“ и со тоа ја критикувал тактиката на Мурињо.