Трикратниот светски шампион во Формула 1, легендарниот Ники Лауда, во четвртокот ја напуштил болницата, во која беше сместен поради грип, објавија австриските медиуми.
На 69-годишниот Лауда во август минатата година му беше извршена трансплантација на едно белодробно крило. За време на Божикните празници тој се разболе, поради што веднаш бил хоспитализиран.
Лауда од грипот се лечел во истата болница во Виена, каде што му била извршена трансплантацијата.
Лауда во 1975, 1977 и 1984 година со Ферари и Мекларен стана шампион во Формула 1.
Од 2012 година е еден од челниците на Мерцедес и ја имал клучната улога во трансферот на Луис Хамилтон.