Првиот носител на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, преку Жо-Вилфрид Цонга успеа да избори пласман во третото коло. За разлика од Ѓоковиќ, кој во три сета го победи Цонга, четвртиот фаворит, Александар Зверев, мораше да игра шет сета против Жереми Шарди од Франција.
Ѓоковиќ не блескаше, но и тоа беше доволно за да го совлада Цонга. Србинот и Французинот играа два часа и девет минути, а Ѓоковиќ победи 6/3, 7/5, 6/4. Србинот ја забележа 17.победа во 23.меч со Цонга.
Ѓоковиќ лесно го доби првиот сет, иако на неговиот брејк во четвртиот сет Цонга во наредниот возврати со ри-брејк. Вториот сет беше клучен за понатамошниот тек од мечот. До осмиот гем Цонга не искористи пет брејк топки, а Ѓоковиќ во ја реализира првата за водство 5:3.
Францускиот тенисер сепак успеа да се врати во сетот и тоа во десеттиот гем кога Ѓоковиќ сервираше за 2:0 во сетови. Сепак Цонга немаше сили за пресврт, Ѓоковиќ направи уште еден брејк, а потоа лесно го доби својот сервис гем за 2:0.
Во третиот сет, Цонга добро парираше до петтиот гем, потоа Србинот направи брејк и лесно го заврши мечот.
Во третото коло противник на Ѓоковиќ ќе му биде младиот тенисер од Канада, Денис Шаповалов.
За разлика од Ѓоковиќ, четвртиот носител Зверев успеа да прокоцка предност од 2:0 во сетови и му дозволи на Шарди во да стигне до 2:2. Сепак во последниот сет Германецот доминираше и го заврши мечот по три часа и 50 минути со 6/4, 7/6, 5/7, 6/7, 6/1.
Зверев во наредната рунда ќе игра против домашната сензација, момчето со славно презиме Алекс Болт, кој во пет сета го победи Жил Симон.