Немаше многу светли точки во македонската ракометна репрезентација на вчерашниот меч против Шпанија и убедливиот пораз, посебно не во второто полувреме кога се мачевме против „фуријата“, но сепак првото полувреме донесе допадлив и атрактивен ракомет.
Освен беспрекорниот голман Митревски кој нанижа 12 одбрани за едно полувреме, цепелинот во режија на Кире Лазаров и Дејан Манасков во првиот дел се најде на второто место во топ 5 потези на четвртото коло на СП во ракомет во Германија и Данска.
Погледнете ги петте нај-потези на колото: