Македонската ракометна репрезентација има контрола и водство на полувреме на одлучувачкиот меч на СП против Исланд, резултатот по првите 30 минути е 13-11.
Многу осцилации на мечот, неколку израмнувања на резултатот, но сепак Македонија со 2 гола предност пред се поради одличната одбрана што ја играат нашите ракометари.
Од воведни 0-1 за Исланд, Македонија во 7 минута имаше 4-1.
Манасков е одличен на левата крилна позиција, Кире Лазаров се разигра во втората половина на полувремето, постигна 4 гола.
Македонија на почетокот на мечот прими неколку гола на празна мрежа поради тоа што игра 7 на 6.
Борко Ристовски во првото полувреме има 6 одбрани, еден одбранет пенал, Густавсон на спротивната страна со иста реализација.
Го задржавме Палмарсон на само 1 постигнат гол (во 30 минута од мечот).
Македонија чекори кон посакуваниот резултат.