Top Sport

Исланѓаните не „фатија“ во финишот, Македонија без втора рунда

Македонската ракометна репрезентација под водство на селекторот Раул Гонзалес не ја исполни главната цел на Светското првенство во Германија и Данска, откако потфрливме во последните десетина минути и загубивме од Исланд со 22:24, што значи дека „рибарите“ наместо нас одат во втората рунда.

А почетокот беше одличен. И покрај тоа што примивме (пре)многу голови во ситуација без голман (7-на-6), Македонија по почетното водство на Исланд беше постојано во предност и на полувреме имавме солдни два предност (13:11).

Оваа предност ја држевме и до средината на второто полувреме, пред противниците да го искористат падот во нашата игра и да дојдат на два разлика (16:18). Потоа, до крајот на мечот, ние успевавме да се вратиме до нерешен резултат, но на крајот, Исланѓаните се покажаа како поквалитетна и поискусна репрезентација и влегоа во наредната фаза.

Гунарсон успеа да ни даде дури 10 голови, додека во нашата репрезентација Кирил Лазаров имаше пет, додека Талески и Манасков имаа по четири.

Натпреварувањето на Македонија на СП не завршува, бидејќи сега следува настап на таканаречениот Президентс куп, против Русија.

Фото: ЕПА

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 5.КОЛО

ГРУПА Б

Бахреин – Јапонија 23:22 (10:9)

МАКЕДОНИЈА – Исланд 22:24 (13:11)

Шпанија – Хрватска 20.30 ч.

Табела:  1.Хрватска 8, 2.Шпанија 8, 3.Исланд 6, 4.Македонија 4, 5.Бахреин 2, 6.Јапонија 0

ГРУПА А

Бразил – Кореја 35:26 (18:10)

Германија – Србија 31:23 (16:12)

Франција – Русија 20.30 ч.

Табела:  1.Германија 8, 2.Франција 7, 3.Бразил 6, 4.Русија 4, 5.Србија 3, 6.Кореја 0

ГРУПА Ц

Чиле – Саудиска Арабија 32:27 (21:13)

Австрија – Тунис 27:32 (14:18)

Данска – Норвешка 20.30 ч.

Табела: 1.Норвешка 8, 2.Данска 8, 3.Тунис 6, 4.Чиле 4, 5.Австрија 2, 6.Саудиска Арабија 0

ГРУПА Д

Египет – Ангола 33:28 (19:12)

Катар – Аргентина 26:25 (16:13)

Шведска – Унгарија 20:30 ч.

Табела: 1.Шведска 8, 2.Унгарија 6, 3.Египет 5, 4.Катар 4, 5.Аргентина 3, 6.Ангола 2

Scroll to Top