Дагестанската ММА атракција, Хабиб Нурмагомедов вели дека Ирецот Конор Мекгрегор не заслужува ри-меч по поразот на УФЦ 229 и фарсата која се случи потоа.
Минатиот октомври во една од најочекуваните ММА пресметки, Нурмагомедов во Лас Вегас ја одбрани УФЦ круната во лесна категорија, откако го „задави“ Мекгрегор кој се предаде во четвртата рунда. По ова, Нурмагомедов влета во публиката, лут на коментарите на дел од луѓето на Мекгрегор, по што настана општа тепачка и двајцата фајтери се суспендирани од Спорстката комисија на Невада.
Мекгрегор неколку пати најави ри-меч во 2019 година, но Нурмагомедов очигледно не гледа позитивно кон таа иницијатива.
„Ќе видиме. Тој не го заслужуваше и првиот меч. Ри-меч за што? Пред последниот меч, само зборуваше, а кога влеговме во кафезот не направи ништо. Кој е следниот? Фергусон, Поирие? Било кој. Сеедно“, вели Дагестанецот.
Тони Фергусон четири пати се обидуваше да договори меч со Нурмагомедов, но поради повлекување во последен момент, тоа не се оствари. Дастин Поирие пак, има три победи во низа и се обидува првпат да стане УФЦ шампион.
It was the richest and most controversial fight in UFC history, but Khabib Nurmagomedov says he’s not interested in a rematch with Conor McGregor… @JakeDuke1 #9News pic.twitter.com/gtQGOMZzPr
— Nine News Sydney (@9NewsSyd) January 17, 2019