Top Sport

Лејкерс победија во Оклахома, дебакл на Чикаго во Денвер (Видео)

ЛА Лејкерс, без Леброн Џејмс, ја изненадија фаворизираната Оклахома. На теренот на противникот Лејкерс славеа по едно продолжение со 138:128. Најдобриот меч во кариерата за Лејкерс го одигра младиот хрватски центар Ивица Зубац кој забележа 26 поени и 12 скока. Најефикасен кај „езерџиите“ беше Кајл Кузма со 32 поени.

На спротивната страна Пол Џорџ постигна 27 поени, а Расел Вестбрук заврши со 26 поени, 9 скока и 13 асистенции. Вестбрук имаше катастрофален шут од поле, тој погоди само седум од 30. обиди кон кошот на противникот.

Покрај Зубац, изминатата ноќ се истакна уште еден центар од Балканот. Србинот Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до убедливата победа 135:105 над Чикаго Булс.

Јокиќ за 25 минути игра забележа 18 поени, 8 скока и 11 асистенции.

Србинот беше еден од седмината играчи на Денвер што постигнаа двоцифрен број на поени. Џамал Мареј 22 од 25. поени постигна во третата четвртина, а по 14 поени реализираа Гери Херис и Пол Милсап.

Резултати:

Индијана-Филалделфија 96:120
Њујорк-Вашингтон 100:101
Шарлот-Сакраменто 114:95
Торонто-Феникс 111:109
Денвер-Чикаго 135:105
Окалхома-ЛА Лејкерс 128:138

Scroll to Top