Top Sport

Ловрен им се сити на Шпанците: Повторно сте потопени

Дејан Ловрен, репрезентативец на Хрватска во фудбал, меѓу првите на ракометарите им ја честитал победата над Шпанија на Светското првенство.

„Браво момци, газите до крај. Повторно се потопени“, напишал Ловрен на „Инстаграм“, алудирајќи дека пред неколку месеци фудбалската репрезентација на Хрватска ја совлада Шпанија со 3:2.

 

View this post on Instagram

 

Bravo momci, gazite do kraja ???? ???? #potopljeniopet ?

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06) on

Поради коментарите по тој натпревар УЕФА го казни Ловрен со еден натпревар суспензија. УЕФА смета дека Ловрен ги навредувал шпанските фудбалери со своите коментари.

„Ааа-ха. Три-два. Мајсторе сега можеш да зборуваш на прес конференција. Тоа се обични п…и. Само ова вреди, оваа страна“, рекол Ловрен во директно обраќање на фановите преку „Инстаграм“, покажувајќи го хрватското знаме на својот дрес.

За навредите упатени кон Рамос, Ловрен доби суспензија

Scroll to Top