Првите луѓе на Милан се сретнале со своите колеги од Џенова и со агентот на Кшиштоф Пјатек и дале своја понуда за договор кој го чека „пола Европа“ – со неговото доаѓање на „Сан Сиро“ ќе се ослободи пат Гонзало Игуаин да замине во Челси, а Алваро Мората да замине во Атлетико Мадрид.
Повеќе италијански медиуми потврдија дека директорот на „росонерите“, Леонардо се сретнал вечрва со спортскиот директор на Џенова, Џорџо Перинети и со агентот на напаѓачот. Понудата е Полјакот да дојде на заем во Милано со обврска да биде откупен за 40 милиони евра, плус бонуси за перформанси. Пјатек би добивал 2 милиони евра годишна плата со договор до јуни 2023 година.
Кога Милан ќе го добие потписот на Полјакот, тие ќе го ослободат Игуаин по само шест месеци откако дојде од Јувентус, кои пак, веднаш ќе го предадат на Челси на заем со опција за купување за 36 милиони евра, иако постои опција и тој да остане позајмен фудбалер уште една година. По ова, Челси нема да имаат проблем да го продадат Мората на Атлетико Мадрид, откако Шпанецот веќе се договори со клубот од детството.
Фото: ЕПА