Ванда Нара, сопругата и агентот на капитенот на Интер, Мауро Икарди, очигледно добро „игра“ во преговорите со „нераѕурите“ откако по неколку изјави дека договорот е далеку, сега вели дека нема проблеми и дека напаѓачот ќе потпише нов договор.
Пред неколку недели, Нара инстистираше дека има голем интерес од врвните европски клубови (вклучувајќи го и Реал Мадрид), и дека понудата на Интер и реалноста е „многу различна“. Сега, во интервју за италијанскиот ТВ-канал „Канале 5“, таа целосно ја „смени песната“.
„Ќе го обновиме договорот, ќе има нов договор, не се грижете. Нема голема разлика меѓу Интер и Икарди, нема проблеми. Секако, Интер прават сè Икарди да остане“, изјави Икарди.
Икарди има излезна клаузула од договорот вредна 110 милиони евра, и оваа може да биде активирана од 1 до 15 јуни ова лето, така што Интер би сакале да побрзаат со договор дотогаш, да не дојдат во ситуација некој голем клуб да им го „грабне“ капитенот.