Баерн Минхен ја заврши зимската пауза во Бундеслигата и го продолжи „ловот“ на Борусија Дортмунд на врвот на табелата со 3:1 победа на гостувањето кај Хофенхајм благодарение на двата гола на Леон Горецка и погодокот на Роберт Левандовски.
Новакот на Баерн, талентираниот Горецка постигна два гола во 34. и во 45. минута да ја најави победата на Баварците, пред Хофенхајм во 59. минута да намали преку Шулц. Полјакот Левандовски во 87. минута стави печат на победата.
Со победата, Баерн се доближи на само три поени до Борусија, кои утре имаат тежок дуел со РБ Лајпциг. Хофенхајм се на седмото место на табелата.
Фото: ЕПА