Тренерот на Монако, Тјери Анри контактирал со првите луѓе на Манчестер јунајтед за можна позајмица на белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини, тврди француското радио „РМЦ“.
Анри по катастрофалниот старт на сезоната на поранешните шампиони под водство на Леонардо Жардим, дојде како „спасител“ на клубот и главна задача му е да обезбеди опстанок во Лига 1. Откако го обезбеди Цеск Фабрегас од Челси, Анри смета дека борбениот Фелаини е уште едно големо име кое треба да помогне во остатокот од сезоната. Монако се на 19. место во францускиот шампионат, на три поени од Амиен на 17. место.
31-годишниот Фелаини во моментов е повреден и го очекува пауза од месец дена по повредата на бутниот мускул. Фелаини има само 31 минута активна игра под новиот тренер на Јунајтед, Оле Гунар Солксјер.
Фото: ЕПА