Рома и Торино одиграа исклучително интересен натпревар од 20. коло на италијанската Серија А, во меч во кој „волчицата“ прво пропушти водство од 2:0, за на крајот да триумфира со 4:2 за да се искачи на четвртото место на табелата (барем до мечевите на Лацио и Милан).
Николо Цаниоло во 15. минута и Александар Коларов од пенал во 34. минута обезбедија 2:0 водство за домаќинот во првото полувреме, пред „биковите“ да имаат кам-бек со головите на Томас Ринкон (51. минута) и Кристијан Ансалди (67. минута).
Човек на одлука за Рома беше Стефан Ел Шарави кој во 73. минута по една убаво осмислена акција го совлада Салваторе Сиригу.
Рома е четврта со 33 поени, еден пред Лацио и два пред Милан, додека Торино по третиот меч без победа во низа во Серија А е на 9. место на табелата со 27 поени.
Фото: ЕПА