Top Sport

Навивач на Лидс го истетовира менаџерот Биелса на раката!

Англискиот фудбал е воодушевен, но и исплашен од Марсело Биелса. Аргентинскиот „чудак“ познат по својата фудбалска стратегија оди дотаму што добива прекар „лудак“, но на своја страна сигурно ги има навивачите на Лидс јунајтед.

Биелса неодамна се најде во центарот на внимание откако призна дека праќал „шпиуни“ на тренинзите на сите ривали во англискиот Чемпионшип, што потоа го образложи на долга прес-конференција со видеа, табели во „Ексел“ и други детали. За ова тој е под истрага на Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија.

Еден навивач на Лидс отиде дотаму што го тетовираше Биелса со дурбин во раката како шпиунира. Фантастично!

„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпиунирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)

Scroll to Top