Top Sport

„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпиунирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)

Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса призна дека ги шпиунирал сите тимови во Чемпионшип оваа сезона со неверојатна пауер-поинт презентација од 70 минути во која ја покажа својата анализа како да се победи Дерби каунти.

Ова доаѓа откако човек на Лидс беше уапсен откако со двоглед го надгледувал затворениот тренинг на Дерби, а Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе спроведе детална истрага.

Наместо да ги демантира овие информации, Биелса не скри ништо, покажувајќи како ги подготвува своите фудбалери против противниците, дека има статистика на часови снимки на сите ривали и формации со посебен фокус на мечот со Дерби. Менаџерот на Дерби, Френк Лампард тврдеше дека ова е „поминување на сите граници“, но Биелса не се согласува.

Пред медиумите и целиот негов тренерски тим, Биелса преку својот верен преведувач Салим Ламрани даде детални одговори.

„Не сакам да се споредувам со претходни вакви случаи, и знам дека некои сметаат дека ова не е фер-плеј, но нема да се бранам со напад на другите. Тоа што го направив не е нелегално. Никаде во правилата нема такво нешто. Можеме да разговараме за тоа дали е добра работа, но не е нелегално. Кога го гледате противникот сакате да добиете информации – кој ќе бида стартниот состав, кој ќе биде тактичкиот ситем. Кога го гледате тренингот на противникот ги добивате тие информации или ги потврдувате своите“, вели Биелса.

Шпиунажата се исплатеше – Алиоски со асистенција, Лидс го доби Дерби (видео)

Scroll to Top