Top Sport

Французите чекорат цврсто кон полуфинале, Норвешка се намачи со Египет

Франција, како на сите досегашни големи натпреварувања, се промовира во фаворит за медал, откако немаше мака со Исланд победувајќи го со 31:22 (15:11) за да го преземат првото место во групата Е од втората фаза на СП во Германија и Данска.

Франција од почетокот го имаше мечот под контрола, за во второто полувреме полека да ја зголемува предноста за на крајот да стигне до убедлив триумф. Мелвин Ришарсон и Валентин Порт имаа по пет гола за „триколорите“, додека кај Исланд најдобар беше Јонсон со исто толку голови.

На Французите им преостанува пресметката со Хрватска, која мора да направи подвиг против репрезентација која традиционално не им одговара за да ги заддржи шансите за пласман во полуфинале.

Норвешка пак, во групата Ф се намачи пред да стигне до 32:28 победа над Египет за да ги заддржи теоретските шанси за полуфинале, иако за тоа има силна конкуренција во „нордиската“ група со Данска и Шведска. Најдобар поединец на мечот беше Сандер Сагосен со десет постигнати голови

Фото: ЕПА

СП РАКОМЕТ ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА

ГРУПА Е

Хрватска – Бразил 29:26 (13:17)

Исланд – Франција 22:31 (11:15)

Табела: 1.Франција 7, 2.Германија 5, 3.Хрватска 4, 4.Шпанија 2, 5.Бразил 2, 6.Исланд 0

ГРУПА Ф

Унгарија – Тунис 26:21 (16:14)

Норвешка – Египет 32:28 (16:14)

Табела: 1.Данска 6, 2.Шведска 6, 3.Норвешка 4, 4.Унгарија 3, 5.Египет 1, 6.Тунис 0

Scroll to Top