Италијанските медиуми наголемо пишуваат „Готово е, Пјатек во Милан за 35 милиони евра“. Полскиот интернационалец, Кшиштоф Пјатек е нов играч на Розонерите, доаѓа од Џенова, па Милан со него во тимот се чини лесно ќе ја преброди разделбата со голгетерот Гонзало Игуаин.
Росонерите, според пишувањата на италијанските медиуми, финансиски добро поминале, па сега не мораат да му ги плаќаат на Јувентус дополнителните 8 милиони евра колку што чинеше позајмицата доколку Аргентинецот останеше на „Сан Сиро“ до крајот на сезоната.
Вака во своите редови донесоа „бомбардер“ кој оваа сезона експлодира во дресот на Џенова, на 19 меча во Серија А постигна 13 гола.
Полјакот во Џенова пристигна од полскиот тим Краковија за 5 милиони евра.
Погледнете го раскошниот талент на Пјатек и головите што оваа сезона ги постигна за Џенова:
https://youtube.com/watch?v=DOQgD-zGtqY