Полицијата на британскиот остров Гуернси ја продолжува потрагата по авионот во кој се наоѓал фудбалерот Емилијано Сала. Според нив постојат четири сценарија во случајот со исчезнатиот авион.
Сала, во понеделникот околу 20:15 часот полетал од Нант кон Кардиф. Авионот од радарите исчезнал во 21:30 кога се наоѓал над Ламанш. Набргу започнала потрагата со авиони, два брода и хеликоптери.
Полицијата од Гуернси, во средата, објавила четири можни сценарија.
1. Слетале на непозната локација, а пилотот не успеал да воспостави контакт
2. Слетале во вода, каде ги прифатил брод кој минувал тука, но од бродот не успеале да стапат во контакт со крајбрежната стража
3. Слетале во вода и не успеале да се евакуираат во чамецот за спасување кој бил во авионот
4. Леталото се распаднало по слетувањето, поради што патниците останале во морето
Проритет за полицијата е сценариото број 3, односно потрагата е насочена кон пронаоѓање на чамецот за спасување.