По победата во првиот меч на „Етихад“ од 9:0 немаше сомнежи кој ќе се пласира во финалето на англискиот Карабао (Лига) куп, но навивачите на третолигашот Бартон имаа шанси да ги видат ѕвездите на Манчестер сити и да си заминат дома задоволни што нивниот клуб загуби само со 0:2.
Сити во финалето на Лига купот ќе се обиде да ја освои титулата против подобриот од дуелот Челси-Тотенхем, кои утре го играат реваншот, откако Спарси победија со 1:0 во првиот меч.
Пеп Гвардиола, нормално, се реши да извади комбиниран состав на „Пирели стадионот“ со капацитет од 6.912 седишта, но и тој беше пресилен за малиот клуб од Стафордшајр. Единствениот гол на мечот го постигна Серхио Агуеро во 26. минута од мечот на асистенција на Ријад Марез.
Фото: ЕПА