Бразилецот Рожерио Мораеш по завршувањето на сезоната ќе ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион Вардар.
Се шпекулира дека Мораеш кариерата ќе ја продолжи во Унгарија, во редовите на Веспрем, каде на почетокот на сезоната замина голманот Арпад Штербик.
Мораеш, од крајот на минатата година се наоѓа на рехабилитација поради операцијата на коленото. Поради повредата тој не беше дел од бразилската репрезентација која имаше одлични настапи на Светското првенство.
Бразилецот е член на Вардар од сезоната 206/2017. Во Скопје тој пристигна од германскиот гигант Кил. Даде значаен придонес во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.
Мораеш е уште еден играч од шампионската генерација на „црвено-црните“ што ќе го напушти тимот. Претходно од Вардар си заминаа Абутовиќ, Циндриќ, Душенбаев, Штербик, Македа, Канељас, Марсениќ.