Top Sport

Кристијано Роналдо останува без португалските ордени?

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса потврди дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе ги загуби португалските ордени откако во Шпанија беше осуден за даночна измама.

Роналдо беше одликуван со редот на принцот Хенри во јануари 2014 година, пред да го добие и најголемото цивилно одликување, големиот крт на португалскиот ред откако Португалија го освои Европското првенство во 2016 година.

Роналдо беше осуден на двегодишна затворска казна и казнет со 18.8 милиони евра за даночните измами додека беше фудбалер на Реал Мадрид, и иако нема да оди во затвор и помина со намалена казна од 3.5 милиони евра, претседателот вели дека ордените не можат да останат кај ѕвездата.

„Законот е навистина едноставен – тие кои ги доделуваат ордените треба да видат дали има нешто што може да донесе до губење на таа чест. Ќе видиме дали законот го покрива ова прашање“, вели Ребело де Соуса за „АФП“.

Едно нешто е сигурно – на родниот остров Мадеира тој останува со својот статус, како што вели лидерот на овој остров, Мигуел Албукерк.

„Тука во Мадеира Роналдо секогаш е сметан за добра личност. Тој не е криминалец, а случајот со данокот беше само интерпетација. Тој е најславниот Португалец на светот“, вели Албукерк.

Роналдо прифати условна затворска казна

Scroll to Top