Top Sport

Ѓоковиќ го „збриша“ Пуи, закажа финале со Надал

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на импресивен начин избори пласман во финалето на Австралија опен. Српскиот тенисер во полу-финалето го збриша од теренот Лука Пиу за само 85 минути игра. Ѓоковиќ на тенисерот од Франција му препушти само четири гема, по два во вториот и третиот сет (6/0, 6/2, 6/2).

Ѓоковиќ го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот, а во тоа му помогна и Пуи, кој делуваше преплашено и нервозно на теренот.

Дека, шесткратниот победник во Мелбурн има намера експресно да ја заврши работата најави во првиот сет, кој со нула го доби за само 23 минути.

foto: epa

Вториот и третиот се одвиваа по исто сценарио, Ѓоковиќ правеше брејк најпрвин во четвртиот гем, а потоа во осмиот ја завршуваше работата.

На крајот статистиката покажа дек Ѓоковиќ забележал 24 директни поени, а имал само пет неизнудени грешки, додека тој однос кај Пуи е 18 винери и 27 неизнудени грешки.

foto: epa

Ѓоковиќ седми пат избори пласман во финалето на Австралија опен, а ова ќе му биде вкупно 24.финале на гренд слем турнирите, во кое ќе се бори за својата 14. титула.

Новак Ѓоковиќ во финалето за противник во финалето ќе го има големиот ривал Рафаел Надал. Шпанецот, вчера на импресивен начин го мина полу-финалето. Тој на Стефанос Циципас му препушти шест гема.

Надал му одржа час по тенис на Циципас

Scroll to Top