Top Sport

Стосур и Жанг победија на Австралија опен

Саманта Стосур од Австралија и Шуај Жанг од Кина ја освоија титулата во двојки на Австралија опен.

Стосур и Жанг во финалето ја победија унгарско-француската комбинација Тимеа Бабош и Кристина Младановиќ со 6/3, 6/4 за еден час и 37 минути игра.

foto: epa

Саманта Стосур ја освои својата трета гренд слем титула во игра на двојки. Таа има трофеи на Ју-Ес опен во 2005 и Ролан Гарос во 2006 година. Жанг прв пат во кариерата играше финале и веднаш освои трофеј.

Стосур е првата Австралијак која го подигнала трофејот во игра на двојки, на Австралија опен, по пауза од 14 години. Во 2005 година Алисија Молик заедно со Светлана Кузњецова ја освои титулата.

Scroll to Top