Top Sport

Продолжува „медениот месец“ за Солксјер – Санчез погоди против Арсенал во ФА купот (видео)

Манчестер јунајтед под водство на преодниот тренер Оле Гунар Солксјер ја забележа својата осма победа во низа откако Норвежанецот го презеде кормилото на клубот од Жозе Мурињо, откако на „Емирати“ со 2:1 го победија Арсенал за пласман во осминафиналето на ФА купот.

Арсенал беше „начнат“ кога Ромелу Лукаку го најде Алексис Санчез во 33. минута, и Чилеанецот, кој беше на удар на критиките по слабите игри, му заби гол на својот поранешен клуб од тешка позиција. Само три минути подоцна, Лукаку повторно беше асистент, овојпат до Џеси Лингард за шок на „Емирати“.

„Топчиите“ се созедоа и преку Пјер-Емерик Обамејанг намалија на 2:1 во 43. минута, а по тензичното второ полувреме, печат на победата стави Антони Марсијал во 82. минута откако одбиената топка од ударот на Пол Погба дојде пред неговите нозе.

ФА КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Бристол сити – Болтон 2:1

Арсенал – Манчестер јунајтед 1:3

Scroll to Top