Top Sport

Сити со „петарда“ го реши Барнли и обезбеди осминафинале во ФА купот (видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити предводени од Пеп Гвардиола денеска покажаа нова бравурозна партија во англискиот ФА куп. Со 5-0 го поразија тимот на Барнли и обезбедија осминафинале.

Прв во листата на стрелци се запиша Жесус во 23. минута од мечот. Бернардо Силва погоди за 2-0 во 52. минута, а веќе во 62 минута со голот на Де Брујне беше 3-0.

Лонг во 73. минута си постигна автогол, а конечните 5-0 беа дело на Кун Агуеро од пенал во 85. минута.

Интересно за одбележување е тоа што на трибините на „Етихад“ меѓу 51.000 љубители на фудбалот беше и Оле Гунар Солскјер, тренерот на Манчестер Јунајтед. Тој ја шпионираше играта на „граѓаните“ со кои „ѓаволите“ од Манчестер се среќаваат во вторник, во редовно коло од Премиерлигата.

Scroll to Top