Сампдорија во рамките на 21. коло на Серија А убедливо го совлада Удинезе со 4-0. Домашните доминираа во текот на целиот меч кој помина во знакот на Фавио Кваљарела кој собори рекорд стар 25 години.
Кваљарела во 33. минута даде гол од пенал со што стигна до престижно признание, да постигнува барем по еден гол на 11 натпревари во низа.
Во второто полувреме Сампдорија постигна уште три гола во противничката мрежа.
Повторно Кваљарела во 56. минута, и тоа повторно од пенал. Карол Линети во 68. минута погодува за 3-0, а конечните 4-0 се дело на Габиадини.