Фудбалерите на англискиот второлигаш Милвол го приредија најголемото изненадување во четвртото коло во англискиот ФА куп елиминирајќи го Евертон со 3-2.
Евертон двапати на мечот водеше, но Милвол покажа карактер и славеше со гол постигнат во 94 минута.
Стрелци за „Карамелите“ беа Ришарлисон во 43 и Џенк Тосун, додека кај Милвол погодоците ги постигнаа Грегори, Купер и победничкиот пред последниот судиски свиреж го постигна Волас.
Мечот се одигра во југоисточен Лондон на стадион со 16.000 френетични навивачи, а на мечот му претходеше голема тепачка на навивачките групи на двата тима.