Монако го комплетираше трансферот на Желсон Мартинс од Атлетико Мадрид, и Португалецот ќе замине на „Луј втори“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.
Желсон дојде во Атлетико во текот на летото со големи најави, но не успеа да го исполни ветеното во 12 настапи за клубот, од кои осум во Ла лига. Со неговото заминување, Атлетико ќе може да ја исплати високата плата на Алваро Мората, додека Монако се надева дека со Португалецот ќе можат да се кренат и да опстанат во Лига 1.
Монако го вратија Леонардо Жардим на тренерското место откако Тјери Анри имаше ужасни 20 натпревари на чело на поранешниот француски шампион.
„Пресреќен сум што дојдов во Монако и едвај чекам да почнам да работам со новите соиграчи и да го исполнам очекуваното“, изјави Желсон.
? @GelsonMartins_ : “Jusqu’à la fin de la saison, chaque match sera une finale.”
—–
⬇️ Les premiers mots de Gelson Martins sous ses nouvelles couleurs ⬇️ pic.twitter.com/mmlzApo3kp— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) January 27, 2019