Петронас Јамаха Сепанг ги претстави моторите со кои ќе дебитира во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот.
На свечената церемонија на во Куала Лумпур, моторите на првиот малезиски тим во Мото ГП, присуствуваа возачите Франко Морбидели и Фабио Кваратарао.
Морбидели, минатата сезона дебитираше во „кралската класа“. Во новиот тим тој сезоната ќе ја започне на „А-Спец М1“ моделот. Ваков модел имаат и возачите на Јамаха, Валентино Росии Маверик Вињалес.
За разлика од Морбидели, Кваратарао кој лани возеше во Мото 2, во својата деби сезона во најсилната класа ќе го вози моделот „Б-спец“.
Новата сезона ќе започне на 10.март.