Top Sport

Мората со фотографија потсети каде му е верноста

Новиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Алваро Мората на критиките на дел од навивачите на „јорганџиите“ за неговите настапи за Реал Мадрид, на Твитер објави фотографија од времето кога беше јуниор на Атле.

Споделувајќи фотографија со дрес на Атлетико од 1997/98, Мората кратко напиша: „Со сонот на едно дете“.

Мората беше јуниор на Атлетико, пред да замине во Хетафе, а потоа и во лутиот ривал Реал Мадрид, пред да игра и за Јувентус и Челси. Сега, по комплетирањето на трансферот, тој тврди дека му се остварил сонот да игра за тимот од детството.

Мората и официјално во Атлетико: Сите знаат што ми значи овој клуб

Scroll to Top