Капитенот на ракометната репрезентација на Германија, Уве Генсхајмер, од наредната сезона повторно ќе го носи дресот на Рајн Некар Левен.
Генсхајмер, кариерата ја започна во дресот на популарните „Лавови од Мајнхајм“ во 2003 година, а во 2016 се пресели во најбогатиот клуб на денешницата Пари Сен Жермен.
Клубовите го договориле трансферот, а официјално во јавноста ќе биде објавен утре.
„Еднаш лав, секогаш лав“, му скандирале навивачите на Гејнсхамер, во неделата во Хамбург, за време на мечот за трето место на СП помеѓу Гемранија и Франција.
Германците, во драматичен финиш беа поразени 25:26 и на крајот го освоија четвртото место.
Генсхајмер во кариерата има освоено титули во Германија и Франција со Рајн Некар и Пари Сен Жермен, а со Германија има бронзен медал од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.