Фудбалскиот репрезентативец на турски Бешикташ и репрезентатвец на Хрватска, Домагој Вида има големи шанси да ја засили одбраната на Рома, шпекулираат италијанските медиуми.
Информациите од „Чизмата“ се дека „волчицата“ има потреба од бескомпромисен борец каков што е Хрватот, за кој интерес покажуваше и англсикиот премиерлигаш, Фулам, но преговорите пропаднаа.
Вида, кој на Мундијалот во Русија се закити со сребреното одличје, во тимот од Истанбул пристигна од главниот град на Украина каде успешно настапуваше за Динамо Киев.
Доколку на крајот на сезоната Вида се пресели во Рим, тој ке биде во друштво на неколку играчи од Балканот. Дел од римската „волчица“ се Хрватот Анте Чориќ, Србинот Александар Коларов, Босанецот Един Џеко и Словенецот Жан Целар.