Најскапиот светски фудбалер Нејмар најмалку два месеци ќе биде надвор од фудбалските терени, потврдија од неговиот клуб Пари Сен Жермен. Бразилецот, на куп натпреварот против Стразбур се здобил со повреда на метатарзалната коска во стапалото.
Поради повредата Нејмар ќе ги пропушти осмина-финалните натпревари против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.
Нејмар и лани, поради слична повреда, го пропушти вториот дел од сезоната. Разликата е што сега нема да мора да биде опериран. Тој во тимот би требало да се врати на почетокот на април.
Сезонава, Нејмар има учинок од 20 гола и 10 асистенции на 23 одиграни натпревари во сите конкуренции.