Top Sport

Рено и Ред бул во нов голем конфликт

Ред бул реши да се вмеша во големото несогласување меѓу нивниот јуниорски тим Торо Росо и заедничкиот снабдувач на мотори Рено, по шпекулациите дека за тимот од Фаенца нема да има доволно резервни делови на моторите за настап на последната трка.

Шефот на Торо росо, Франц Тост реагираше бурно откако шефот на Рено Ф1, Сирил Абитебул изјави дека проблемите со постојаноста на нивните болиди „не е случајност“. Торо росо тогаш ги открија деталите за последната трка во Абу Даби и најави дека Рено можеби го саботира тимот.

„Не можеме да заборавиме дека тие се борат токму со Торо росо за подобар пласман кај конструкторите. Самиот Абитебул вели дека тоа не е случајност“, се велеше во соопштението на Тост.

Ова обвинување не им се допадна на Рено, а посебно не на Абитебул, кој беше забележан во остра расправија со советникот на Ред бул, Хелмут Марко во Бразил. Тост одби да е извини, и сега е сосема веројатно Торо росо да нема мотори за Абу Даби, но бидејќи Рено ќе го раскине договорот. Марко сакаше да ја смири ситуацијата.

„По долгата сезона, емоциите се на високо ниво, но партнерството со Рено е вредно за нас и ќе остане така. Немаше сомнеж дека сме третирани не-фер од нашите снабдувачи, и останува така и денеска“, вели Марко.

Торо росо може да не се трка во Абу Даби – нема резервни делови?

Scroll to Top