Британскиот Уред за воздушни несреќи (ААИБ) потврди дека делови од авионот на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала се пронајдени на плажа во Суртенвил во близината на Котентен Полуостровот во Франција.
ААИБ во контакт со француските власти потврдува дека се најдени делови од седиштата на авионот со кој патуваше новиот фудбалер на Кардиф сити.
Поранешниот фудбалер на Нант и пилотот Дејвид Иботсон патуваа со авион за Кардиф, кога тој исчезна од радарот, по што светот на фудбалот реагираше на оваа трагедија.
Air Accidents Investigation Branch says French counterparts found part of a seat cushion on beach nr Surainville on the Cotentin Peninsula. A 2nd cushion was found in the same area & they have concluded its “likely” they are from missing aircraft that carried Emiliano Sala.
— Dan Roan (@danroan) January 30, 2019