Во 17. коло на регионалната кошаркарска АБА лига одиграно минатата недела вљубениците во кошарката на Балканот имаа можност да уживаат во атрактивни потези.
На топ 5 листата која традиционално ја прават челниците на лигата на петтата позиција ова коло се најде двоецот на Игокеа, Данило Анѓушиќ и Далибор Илиќ.
Забивањето на партизановиот „летечки Французин“, Банџа Си ова коло се најде на четвртата позиција.
На третото место се кошаркарите на Црвена Звезда, Филип Човиќ и Душан Ристиќ со фантастичниот пик ен рол.
На втората позиција се најде кошаркарите на Морнар, Никола Ребиќ и Урош Луковиќ.
Најдобриот потег во ова коло го има Елгин Кук од Цедевита со ѕверското забивање.
Погледнете и уживајте: