Како што информирааат медиумите во Шпанија, следнава есен ќе се ожени еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал (32).
Рафа, со својата девојка Чиска се забавуваат уште од 2005 година, кога таа имала само 16 години, а тој го очекувал полнолетството, пишува шпанска „Хола“.
Се верија во мај минатата година, а се до сега плановите за венчавката се држеа во тајност.
Надал до скоро се правдаше дека не се жени затоа што има многу премногу обврски во професионалниот тенис.
„Мислам дека е најважно квалитетна грижа за децата, а не знам дали ми е баш идеално со толку многу патување во текот на цела година да имам деца“ – рече Надал неодамна.
Според информациите, Рафаел Надал и неговата избраничка Марија Франчиска Перељо ќе се венчаат на есен во Мајорка.