Top Sport

Нема спас за Ди Франческо, Соуза ќе биде тренер на Рома?

Еузебио ди Франческо во наредните неколку дена ќе добие отказ на тренерската функција во Рома, а клубот на неговото место ќе го назначи Португалецот Паоло Соуза, јавија италијанските медиуми.

Според истите извори, Ди Франческо нема шанси да „преживее“ по синоќешниот дебакл во Купот од Фиорентина (7:1).

Катастрофата во Фиренца била „капката што ја прелила чашата“ кај претседателот на Рома, Џејмс Палора, кој веќе ги започнал преговорите со Соуза.

Поранешниот тренер на Фиорентина и Базел е без работа од октомври минатата година кога доби отказ во кинескиот прволигаш Тјанџин.

Рома по 21 коло во Серија А се наоѓа на петтото место на табелата со 34 бода. В недела Рома ќе го пречека Милан.

Scroll to Top