Top Sport

Поени за победа и трипл-дабл, Јокиќ ги среди Пеликанс (Видео)

Денвер Нагетс забележаа победа во Њу Орлеанс 105:99. Најзаслужен за триумфот на екипата која го има вториот најдобар резултат на Западот (35-15) беше Никола Јокиќ, кој ги постигна последните четири поени за Нагетс.

Српскиот центар одигра уште еден брилијантен меч и со трипл-дабл (20 поени, 13 скока, 10 асистенции) го однесе својот тим до победата. За Јокиќ ова беше 24. трипл-дабл во кариерата, вкупно осми оваа сезона.

Покрај Јокиќ кај Нагетс се истакнаа Малик Бизли со 22 поени, односно Монте Херис со 20 поени и по седум скока и асистенции.

Во отсуство на повредениот Ентони Дејвис најефикасен кај Њу Орлеанс Пеликанс беше Џру Холидеј со 22 поени.

Добар натпревар одигра и Лука Дончиќ. Далас победија во Њујорк 114.90 и го запишаа третиот триумф на 16. гостување сезонава. Дончи дуелот го заврши со 16 поени, осум скока и пет асистенции. Легендарниот Дирк Новицки уфрли 14 поени, што е негов сезонски рекорд.

Резултати:

Бостон Селтикс-Шарлот Хорнетс 126:94
Мајами Хит-Чикаго Булс 89:105
Минесота Тимбервулвс-Мемфис Гризлис 99:97
Вашингтон Визардс-Индијана Пејсерс 107:89
Порталнд Трејлблејзерс-Јута Џез 132:105
Сакраменто Кингс-Атланта Хокс 135:113

Scroll to Top