Top Sport

Баерн по две продолженија подобар од Фенер, Барса се „прошета“ во Грција (видео)

Баерн Минхен му го нанесе само третиот пораз во Евролигата оваа сезона на досега доминантниот тим на Фенербахче, откако по тешка борба во две продолженија триумфираше со 90:86.

Минатогодишниот финалист од Турција, успеа да направи предност од само пет поени на полувреме (29:34), по што Баерн имаше одлична трета четвртина да ја надополни разликата, по што следуваше битка поен-за-поен, во која домаќините на крајот имаа повеќе нерви.

Дерик Вилијамс и Стефан Јовиќ имаа по 19 поени, додека Владимир Лучиќ го заврши мечот со 9 поени, но тоа беа најважните на вечерта. На крајот на првото продолжение Лучиќ погоди тројка за 80:79 водство, по што беше фаулиран Жофри Ловерњ, но тој искористи само едно од двете слободни фрлања за да примора дополнителни пет минути, во кои Баерн започна со 5:0 серија и ја оддржа предноста до крај.

Барселона пак, најави дека оваа година ќе се бори за плеј-офот, откако во Пиреја против Олимпијакос стигна до убедлива 76:55 победа предводени од Крис Синглтон кој имаше 18 поени и 4 скока.

Со оваа победа, Барселона и Олимпијакос се израмнети со 12-9 скор, но шпанскиот клуб ја има предноста во тај-брејкот. Тимот на Светислав Пешиќ имаше фасцинантен старт на мечот, добивајќи ги првите десет минути со 27:6.

Во Русија пак, Џордан Мики го имаше можеби најдобриот натпревар досега во Евролигата со 20 поени и девет скока за Химки да стигнат до 74:64 победа над Жалгирис и да останат во трката за плеј-офот.

ЕВРОЛИГА, 21. КОЛО

Химки –Жалгирис Каунас 74:64 (19:17, 17:20, 11:19, 27:8)

Олимпијакос – Барселона 55:76 (6:27, 22:11, 15:17, 12:21)

Баерн – Фенербахче 90:86 (20:21, 9:13, 23:18, 14:14, 24:20)

Басконија – Макаби Тел Авив 97:73 (26:18, 28:23, 27:16, 16:16)

Scroll to Top