Top Sport

Италијанска полноќна драма! Лацио на пенали го „урна“ Интер (видео)

За мечот од четврт-финалето на Копа Италија помеѓу Интер и Лацио на „Сан Сиро“ сигурно ќе се зборува многу по драматичниот финиш со гол, пенал и црвен картон во второто продолжение, по кое Лацио победи на пенали и го однесе тимот до полуфинална пресметка со Милан.

Во регуларните 90 минути, голманот на Интер, Самир Хандановиќ одбрани неколку фантастични удари, додека Антонио Кандрева и Лаутаро Мартинез пропуштија стоотстотни шанси за мечот да заврши без голови.

Клубот од Рим се виде во полуфиналето, кога Чиро Имобиле во 109. минута од мечот по одлично проигрување успеа, конечно, да го совлада Хандановиќ за водство. Но, крајот не беше тука. Во 124. минута од мечот, Сергеј Милинковиќ-Савиќ со „боди-чек“ го урна Данило Д’Амброзио на работ на шестнаесетникот, по што со консултации со ВАР, судијата досуди пенал. Стефан Раду доби црвен картон за навреди кон судијата, а капитенот Мауро Икарди ги заддржа нервите и погоди од белата точка.

Во пенал-серијата, прво по една утка имаше на двете страни, Дурмиши (Лацио) и Лаутаро (Интер), по што во петтата серија, Раџа Наинголан не успеа за Интер, а Лукас Леива го однесе Лацио во полуфиналето.

Во второто полуфинале од Копа Италија играат Аталанта, која го елиминираше актуелниот шампион Јувентус (3:0), и Фиорентина, која ја демолираше Рома со 7:1.


Scroll to Top